Top Sport

Боксерка докажала дека позитивниот тест е поради сексот без заштита

Американската аматерска боксерка Џини Фукс се заблагодари на Американската анти-допинг агенција (УСАДА) откако успеала да докаже дека нејзиниот позитивен допинг-тест бил резултат на секс без заштита со нејзиното момче.

На Фукс и се закануваше суспензија и пропуштање на Олимпијадата во Токио откако имаше позитивен тест на две забранети супстанции во февруари, но таа успеала да докаже дека супстанциите влегле во нејзиното тело преку секс со нејзиното момче, кое земало додатоци за исхрана.

„Бев шокирана! Не знаев од каде тие супстанции дојдоа, знаејќи дека не сум земала ништо. Не сфаќав дека можеш да бидеш контаминирана преку интимни односи со друга личност. Задоволна сум што УСАДА ја забележа уникатната ситуација во која сум и ме ослободи од обвинувањата“, вели Фукс.

Таа сега се подготвува за боксерскиот олимписки тест во Јапонија во октомври, пред настапот на Олимпијадата во Токио во 2021 година.

Scroll to Top