Откако на сопругот Мауро Икарди му го прости неверството, Ванда Нара започна да му бара нов клуб. Италијанските медиуми тврдат дека таа се сретнала со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Мауро Икарди е еден од седуммината фудбалери кои ќе го напуштат ПСЖ, во зимскиот преоден рок. Во овој тим на „светците“, покрај Меси, Нејмар и Мбапе за него нема место.
Неколку клуба се заинтересирани за неговите услуги, меѓу ние е и Јувентус. Икарди и пред две години се поврзуваше со клубот од Торино, но тогаш Интер не сакаше да му го продаде на големиот ривал.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус се заинтересирани, но само доколку можат да договорат позајмица.
Икарди сезонава на само шест натпревари бил стартер, вкупно настапи на 17 натпревари, на кои постигна три гола.