Top Sport

Ванда знае: На Интер им фалеше Икарди

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара тврди дека на Интер многу му недостасувал нејзиниот сопруг при „Дерби Д’Италија“.

Икарди замина на позајмица во Пари Сен-Жермен до крајот на сезоната, трансфер кој најверојатно ќе биде направен постојан на крајот на сезоната и тој беше заменет со Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед.

„Секако дека гледавеме Интер-Јувентус. Во првото полувреме, Интер мораа да направат повеќе“, изјави Нара на ТВ-програмата „Тики-Така“.

Таа потоа се сврте кон Фабрицио Бјасин, еден од учесниците во емисијата, кој е познат како навивач на Интере.

„Нему не му фалеше мечот, но тој ви фалеше на вас. Ви фалеше во лигата и во Лигата на шампионите. Мауро има 8 гола во 11 меча против Јувентус“, вели Нара.

Игуаин го реши дербито на Италија (Видео)

Scroll to Top