Top Sport

Милан пред договор со Лучано Спалети

Лучано Спалети е во „напреднати“ преговори со Милан, кои се надеваат дека наскоро ќе можат да го промовираат поранешниот тренер на градскиот ривал Интер.

Според „Ла газета дело спорт“ и „Кориере дело спорт“, Милан покрај преговорите за личните услови со Спалети, преговараат и со Интер, кои мораат да го ослободат од договорот својот поранешен тренер. Во Италија е практика и кога тренерот ќе биде сменет, тој да остане под договор со клубот.

60-годишниот Спалети си замина од Интер на крајот на минатата сезона, по два пласмани во топ 4 во Серија А, но е под договор со „нераѕурите“ до 2021 година. Според „Газета“, Милан ќе го официјализираат отказот на Марко Џампаоло во моментот кога ќе го обезбедат Спалети.

Милан под Џампаоло имаше катастрофални резултати на стартот на сезоната, пред во саботата да стигнат до 2:1 победа на гостувањето кај Џенова.

Scroll to Top