Top Sport

Вангер: Два пати го одбив Реал

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, признал дека во текот на кариера два пати го одбил Реал Мадрид. Венгер рекол дека во детството бил голем навивач на „кралскиот клуб“.

„Многу ми се допаѓа атмосферата околу Реал. Ми се допаѓа кога стадионот е во центарот на градот. Тогаш клубот е неизбежен дел од животите на луѓето. Фудбалот е срцето на градот, а за мене тоа се Реал и Снатијаго Бернабеу“, рекол Венгер.

„Два пати бев блиску до Реал. Не постојат многу луѓе кои можат тоа да го кажат. Сепак, јас бев вклучен во новиот проект, во изградбата на стадионот кој би го заменил Хајбери и тој проект мораше да биде завршен. Арсенал се плати, не доби никаква помош. Го плативме со нашите игри и со продажба на играчи кои беа донесени за малку пари. Поради тоа не се преселив во Шпанија. Морав да ја завршам работата“.

Во текот на мандатот на Венгер, Арсенал три пати ја освоија Премиер лигата.

Scroll to Top