Top Sport

ВАР го елиминира Клуж, тренерот Петреску на пресот ги читаше фудбалските правила

Севилја и Клуж одигра синоќа натпревар без голови, а бидејќи првиот дуел во Романија заврши 1-1 шпанскиот тим избори пласман во осмина-финалето во Лига Европа.

На крајот од натпреварот Романците биле бесни на ВАР и судиите. Според нив украдена им била победата и пласманот во наредната рунда.

На „Санчез Писхуан“, Клуж постигнаа гол во 89 минута преку Констатнтин Паун-Александру кој го поништи ВАР. На почетокот на акцијата Ласина Траоре десната рака има мал допир со топката.

Играчите, тренерот и раководството на Клуж со „дрвја и камења“ фрлале по мечот по судијата Треминас. Тие сметаат дека Траоре едноставни немал каде да ја скрие раката. Поради тоа легендата на романскиот и европскиот фудбал, а сега тренер на Клуж, Дан Петреску на прес конференцијата по натпреварот ги читал правилата на фудбалската игра.

Scroll to Top