Top Sport

Јуве и Интер ќе играат пред празни трибини

Серија А потврдија дека викендов, поради коронавирусот, пет натпревари, вклучувајќи го и дуелот Јувентус-Интер, ќе се играат пред празни трибини.

Покрај „Дерби дела Италија“ кој е еден од најважните натпревари оваа сезона бидејќи Јувентус и Интер заедно со Лацио се борат за титулата, публика нема да има и на натпреварите: Удинезе-Фиорентина, Милан-Џенова, Парма-СПАЛ и Сасуоло-Бреша.

Серија А извести дека на овие натпревари максимално можат да бидат присутни по 100 луѓе кои се директно поврзани со организацијата.

Од медиумите, пристап ќе имаат само новинарите на редакциите кои ги имаат правата за пренос на натпреварите, додека задолжителните прес-конференции по натпреварите нема да бидат одржани.

Според последните податоци, во Италија, досега од коронавирусот починале 15, а 650 луѓе биле заразени.

Scroll to Top