Славниот германски фудбалски напаѓач, Марио Гомез полуде поради ВАР технологијата. Оваа сезона токму ВАР му поништи 6 гола и тоа на 3 меча.
Екс-напаѓачот на Баерн и на „панцирите“ има само два постигнати гола во 13 настапи за второлигашот Штутгарт, кој се бори за експресно враќање во Бундеслигата.
„Ова е шести пат да се работи за сантиметри. Па кога ќе видите каде е топката, а каде ми е коленото, никој не може да ме увери дека сум во недозволена позиција. Напаѓачите како јас кои зависат од центаршутеви и кои играат на работ на офсајд веќе 20 години, сега ги казнува самоволно. Бо требало да купат неколку како Меси кои ќе побегнат со топката од цента и така даваат голови. Луѓето доаѓаат на стадион затоа што сакаат да видат голови. Ако судиите се огласуваат секогаш поради 2 сантиметри, а линискиот судија секогаш го крева знаменцето за да се спаси од глупавиот ВАР, тогаш тој е во ред. Тоа е ср.ње“ – вели Гомез за германски „Скај“.
Das ist klares Abseits mit einer schrägen Linie? Versteh seinen Frust schon. Wie schon in Sandhausen, kannst du doch hier niemals klar Abseits erkennen. pic.twitter.com/M9sV5pNMP7
— Sandro (@SandroG_1996) December 16, 2019
„Ich bin froh, dass ich nicht mehr so lange spiele. So macht es keinen Spaß mehr.“ Man of the match. @Mario_Gomez pic.twitter.com/2ggmriXUNz
— Vertikalpass (@vertikalpass) December 16, 2019