Top Sport

Навивач на хокеј-меч освои 50.000 долари од невозможна позиција (видео)

Навивач на хокеј-екипата Канадианс, извесен Патрик Проти стана јунак во Монтреал по неверојатен шит во текот на втората пауза на мечот против Детроит Ред Вингс во НХЛ – лигата.

Проти случајно беше избран од трибините, па имаше можност да погоди од три обиди.

Го погоди првиот обид од близу, па доби фрижидер. Во вториот обид од центарот на теренот промаши, па пропушти можност да добие годишна карта за Канадианс.

Му остана уште еден обид, далеку од голот. Погоди во екстра мала дупка, каде го собира само пакот и си доби награда од 50.000 долари.

„Ми дадоа палка. Не знаев со која рака да ја држам, лева или десна. Не играм хокеј. Беше тоа почетничка среќа, не верував дека ќе влезе“ – рече Проти.

Scroll to Top