Top Sport

ВАР го спаси Јунајтед од пораз против Евертон

Манчестер јунајед не успеа да го победи Евертон во првиот натпревар од седмото коло. Натпреварот на „Олд Трафорд“, заврши 1:1. Тренерот на Евертон Рафа Бенитез, во своето десетто гостување кај Јунајтед, прв пат одигра без победник, претходно неговите тимови седум пати биле поразени, два пати победиле.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ги изненади сите со одлуката Пол Погба и Кристијано Роналдо натпреварот да го започнат од клупата за резерви. Двајцата во вториот дел влегоа на теренот, но немаа никакво придонес во играта.

Евертон во текот на целиот натпревар беа конкретни во своите напади, за разлика од Јунајтед. „карамелите“ не искористија две добри шанси во првиот дел, Јунајтед имаше една преку Кавани.

Казната за нереализираните шанси Евертон го стигна во 43.минута, кога Марсијал ја искористи асистенцијата на Фернадеш и со топовски удар го погоди голот на Пикфорд.

Евертон израмнија во 65.минута. Греј повлече контра, г издржа притисокот од Фред, а потоа Дукуре го проигра Таусенд кој ја испрати топката зад грбот на Де Хеан.

Целосен шок навивачите на Јунајтед доживеаја во 84.минута, кога Јери Мина постигна гол, за нивна среќа ВАР пресуди дека Колумбиецот бил во офсајд.

По седум кола Јунајтед и Евертон имаат по 14 бодови.

Scroll to Top