Ливерпул и Вулверхемптон ќе играат нов натпревар во третото коло во ФА купот, Вечерашната пресметка на „Енфилд“ заврши без победник 2:2. Натпреварот го обележа голманот на Ливерпул, Алисон Бекер и одлуката на ВАР судијата, Мајкл Дин, кој на Вулверхемптон и го поништи третиот гол.
Алисон Бекер со две аматерски рекации им подари два гола на Вулфс, во 16. и 66.минута. Стрелци беа Гуедеш и Хванг.
Головите за Ливерпул ги постигнаа Дарвин Нуњез во 45. и Мохамед Салах во 52.минута. Контроверзен е голот на Салах, бидејќи во моментот кога топката беше упатен кон него, пред Тоти лошо да реагира, тој беше длабоко во офсајд.
Вулверхемптон постигнаа гол за победа во 86. минута. Тоти беше стрелец, но голот го поништи ВАР судијата. Никој не знае зошто, бидејќи јавноста не ја доби вистинската скица од ВАР собата.
????? pic.twitter.com/c9okRzCS8b
— EuroFoot (@eurofootcom) January 7, 2023