Top Sport

ВАР и во Лигата на конференции

Европската фудбалска унија (УЕФА), планира да го воведе ВАР системот и во Лигата на конференции. Италијанските медиуми тврдат, дека за полу-финалните натпревари и финалето судиите ќе имаат помош од видео-асистентот.

Првата сезона во Лигата на конференции започна без ВАР системот. УЕФА се реши на ваков потег со образложение дека „технички проблеми и невозможност ВАР да се користи на сите стадиони во Лигата на конференции“.

На почетокот на сезоната УЕФА најави дека видео технологијата ќе се користи само за финалето во Тирана, меѓутоа сега реши да ја смени одлуката.

За место во финалето ќе се борат Лестер и Рома, односно Олимпик Марсеј и Феенорд. Првите натпревари ќе се одиграат на 28.април.

Scroll to Top