Top Sport

ВАР им поништи 4 гола, од Сасуоло велат „технологијата го унапреди фудбалот“

Тренерот на калчолигашот Сасуоло, Роберто де Зерби инсистира дека ВАР технологијата го унапредува фудбалот иако на неговиот тим на синоќешното гостување истата таа технологија му поништи 4 гола, на дуелот кај Наполи. Сасуоло загуби со 2-0, а сите 4 гола беа поништени поради офсајд.

„Еден од моите асистенти ми рече декаќе победевме да не беше ВАР. Тоа ме налути, затоа што технологијата се применува долго. Исти се условите за сите. Некогаш добивате, некогаш губите. Момците не ги обвинувам за ништо, направија што можеа“ рече Де Зерби.

Сасуоло на две кола до крајот на првенството е со 48 бодови на 8 позиција на табелата.

Scroll to Top