Од почетокот на сезоната ВАР предизвикува контроверзи во Премиер лигата, а вистинско шоу имаше на натпреварот помеѓу Барнли и Бортнмут.
ВАР во првиот дел оправдано го поништи голот на Џошуа Конг бидејќи напаѓачот на Борнмут играше со рака.
Барнил постигнаа гол за 1:0 во 53 минута по соло-акцијата на Видра. Шест минути подоцна ВАР повторно се огласи и тоа во каков момент.
Бортнмут од контра-напад постигнаа гол за 1:1 преку Вилсон, но ВАР ја врати акцијата на нејзиниот почеток, пред голот на Бортнмут еден од дефанзивците со рака ја допре топката.
Наместо 1:1, Барнли добија пенал, кој Џеј Родригез го претвори во предност од 2:0.
До крајот на натпреварот Мекнил го постави конечниот резултат Барнли-Бортнмут 3:0.