Вулверхемптон и Лестер синоќа го отворија 26 коло во Премиер лигата. Натпреварот заврши 0:0, а го обележа контроверзен детал во првото полувреме кога ВАР им поништи гол на Вулверхемптон.
Во моментот кога Бони го постигна голот стадионот „експлодираше“ од радост, но по цела минута Мајк Дин го поништи голот. Како во многу случаеви сезонава во Англија одлуката на ВАР е нејасна.
„Вака се уништува моментот на радост, мора да се направи нешто. Правилото си е правило но дали е одлуката исправна? Изнервиран сум бидејќи навивачите одеднаш „паднаа“. На играчите им е тешко да бидат концентрирани по вакви ситуации. Поради ВАР доаѓаме во опасност играчите и навивачите да станат роботи“, рекол тренерот на Вулверхемптон Нуно Еспирито Санто.