Тотенхем стигна до тешко извојувана 1:0 победа над Барнли, резултат кој барем привремено ги искачува на четвртото место на табелата во Премиерлигата, и кој доаѓа во незгоден момент за гостите, кои на два меча пред крајот на сезоната ги очекува тешка борба за опстанок.
Тотенхем ја имаше иницијативаата во текот на првото полувреме, но клучниот момент се случи во финишот на полувремето, кога судијата Кевин Френд досуди пенал по долгата пауза по совет на ВАР-судијата, Стјуарт Атвел, кој оцени дека играњето со рака на Ешли Барнс било доволно да се досуди пенал. Џабе беа протестите на фудбалерите на Барнли, посебно на голманот Ник Поуп, и Кејн го реализираше својот 21. пенал едноподруго за водство на Тотенхем. Во второто полувреме, Барнли имаше повеќе шанси пред голот на Уго Љорис, но на крајот останаа со празни раце.
Со овој резултат, Тотенхем се искачува на четвртото место на табелата со 68 поени, два повеќе од Арсенал, кои утре гостуваат кај Њукасл. Барнли пак, останува на 17. место со 34 поени, колку што имаат и Лидс на 18. место.