Top Sport

ВАР-лудило на Копенхаген-Сити, Јувентус губи 2:0 во Израел!

Мечот Копенхаген-Манчестер сити од Лигата на шампионите не требаше да биде нешто посебно возбудлив, поради очекуваната доминација на гостите, но во првото полувреме главната улога ја имаше ВАР системот. Во Израел пак, Макаби Хаифа има неверојатно 2:0 водство против Јувентус по првите 45 минути, зголемувајќи ја мизеријата на тимот на Макс Алегри.

Родри во 11. минута постигна апсолутно фантастичен гол од далечина за Сити, но тој беше поништен поради претходно играње со рака. Во 25. минута ВАР се „сврти“ во корист на Сити, кога беше досуден пенал, но обидот на Ријад Марез беше одбранет, за само пет минути подоцна, Серхио Гомез да добие црвен картон. Резултатот останува 0:0.

Во Израел пак, „бјанконерите“ доживуваат кошмар откако Омар Ацили им даде два гола на Јувентус (во 7. и во 42. минута) за неверојатно водство на домашниот тим.

Scroll to Top