Top Sport

Турсунов ја „откачи“ Радукану, Британката бара петти тренер во последните 15 месеци

Рускиот тениски тренер Дмитриј Турсунов реши да не продолжи да работи со поранешната шампионка од САД опен, Британката Ема Радукану, одлучувајќи да „побара други можности“.

Турсунов е четврти тренер кој си заминува од тимот на младата Британка по неуспешната соработка со Најџел Сирс, Ендру Ричардсон и Торбен Белц. Според „Би-би-си“, 19-годишнта Радукану сакала да продолжи со Турсунов, откако од Вимблдон имаше 8 победи во 15 меча и полуфинале на Сеул опен, но Русинот отфрлил ваква можност.

Радукану минатата година го шокираше тенискиот свет, кога како квалификантка го освои САД опен на само 18 години.

Scroll to Top