Оваа сезона не, но од следната ВАР-системот ќе се користи на натпреварите во Лигата на шампионите.
„Засега планот е ВАР да биде воведен од наредната сезона, односно тој да започне да се користи од првиот меч во сезоната, Суперкупот на УЕФА“, рекол претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и дополнил:
„Не е толку едноставно да се воведе ВАР-технологијата. Треба да покриеме голема територија. Поради тоа, планот е да започнеме од наредната сезона. Сепак ќе видиме што ќе се случува, не сакам ова 100 отсто да го потврдам“, рекол првиот човек на УЕФА.
ВАР-технологијата, летото прв пат беше употребена на Светското првенство во Русија, поради што се шпекулираше дека УЕФА ќе го воведе оваа сезона, но од четврт-финалната фаза.