Top Sport

ВАР шоу и во Шпанија – Реал со два гола од пенал до победа кај Леванте (видео)

На Реал Мадрид му беа потребни два гола од пенал за да стигне до тешко извојувана 2:1 победа на гостувањето во Валенсија кај Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

По минатонеделниот домашен пораз од Џирона, доколку „кралевите“ повторно не успеаја да освојат три поени, предноста на Барселона ќе се зголемеше на 12 поени, нешто што ќе беше тешко достижно. Вака, надежта за борба за титула од Ла лига останува со разлика од достижни 9 поени.

Реал дојдоа во водство во 43. минута, откако ударот на Лука Модриќ заврши во раката на Луна, и по консултација со ВАР-системот, досуден е пенал, во кој Карим Бензема сигурно го совладува голманот Фернандез.  Леванте успеаја да израмнат во 60. минута, откако по одличното нафрлање на Моралес, Марти го совладува Куртоа со одличен удар.

Мадрид доби втор пенал на мечот во 76. минута, кога Дукуре го собори Касемиро, и повторно по консултација со ВАР, „кралевите“ добиваат удар од белата точка, кој го реализира Герет Бејл.

Барди одигра 89 минути од мечот, откако беше сменет со Вукчевиќ.

ЛА ЛИГА, 25.КОЛО

Леганес – Валенсија 1:1

Атлетико Мадрид – Вилјареал 2:0

Валјадолид – Бетис 0:2

Леванте – Реал Мадрид 1:2

Фото: ЕПА

Scroll to Top