Светската фудбалска федерација (ФИФА). во саботата, одобри видео технологијата да се користи на Светското првенство во Русија. Одлуката ќе стане валидна кога ќе бидат ажурирани пишаните правила на фудбалска игра.
Официјалната одлука за користењето на видео технологијата на Мундијалот во Русија ќе биде донесена на Советот на ФИФА на 16.март во Богота, Колумбија.
Прегледот на видео снимките на судиите кај спорните ситуации: пеналите, головите, директните црвени картони и идентификацијата на фудбалерите (во ситуавцијата кога судијата ќе исклучи погрешен фудбалер).
ВАР технологијата се користеше на Купот на Конфедерации што се одржа во Русија минатото лето.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14.јуни до 15.јули.