Top Sport

Ароганцијата на Клоп ги нервира Англичаните (видео)

Јирген Клоп е „заразен од ароганција“ по агресивната прес-конференција по победата над Лестер, вели поранешниот сопственик на Кристал палас, Сајмон Џордан, што е резултат на освојувањето на титулата од Лигата на шампионите.

Клоп по мечот со Лестер беше посебно критичен кој фудбалерот од средниот ред на Лестер , Хамза Чудхури, кој го собори (и повреди Мо Салах), по што во интервју со „Би-би-си“ по мечот се налути што новинарот не се согласуваше дека тоа беше старт за црвен картон и си замина.

Според Џордан, ова јасно ја покажува ароганцијата на Јирген Клоп.

„Се гледа промена во стилот на Јирген Клоп, во јазикот кој го користи. Неговото интервју по мечот беше нервозно, знам дека новинарите можат да те полудат со прашањата, но објаснувањето не му стоеше. Не гледам дека се жалеше кога Трент Александер-Арнолд правеше такви фаули“, вели Џордан.

Scroll to Top