Top Sport

ВАР, судијата Атвел и Кејн го режираа поразот на Брајтон, ракетата на Нуњез го урна Челси

Во саботата во ударниот термин се одиграа шест натпревари од 30. коло во Премиер лигата. Победи забележаа Астон Вила, Тотенхем, Њукасл, Вест Хем, Бурнемаут и Вулверхемптон.

Дербито според позициите на табелата го одиграа Тотенхем и Брајтон. Тотенхем славеше со 2:1. Според прикажаното Брајтон не заслужи пораз. ВАР им поништи два гола на гостите, а во 70.минута судиите од ВАР собата не го повикаа главниот арбитар Атвел да го види очигледниот фаул за пенал од Хојберг врз Митома.

Мечот го обележа вербалниот судир меѓу Стелони и Де Зерби. На крајот италијанските менаџери беа исклучени.

Лошите резултати на Челси повеќе никого не можат да изненадат. Ниту враќањето на легендата Френк Лампард не ги смени работите во тимот. Челси загубија на гостувањето кај Вулверхемптон.

Матеус Нињез постигна спектакуларен гол во првиот дел. Голот на Португалецот ќе влезе во конкуренција за гол на сезоната.

Фулам му гостуваше на Вест Хем и забележа минимална, но важна победа во борбата за опстанок. Мечот го реши авто-голот на Харисон Рид.

Астон Вила продолжи со брилијантните партии и стигна до шестото место на табелата. Вила со головите на Траоре и Воткинс го победи Нотингем Форест со 2:0. Мечот во Бирмингем го следеше и принцот Вилијан.

Њукасл не запира на патото кон Лигата на шампионите. „Страчките“ славеа во Лондон, кај Брентфорд. Најдобриот стрелец на домашниот тим Ајван Тони шутираше два пенали, првиот во 30. минута го одбрани Ник Поуп, но во 45. минута беше сигурен.

Сепак, страчките го свртеа резултатот во вториот дел со головите на Жолинтон и Исак.

Борнмут во дуелот на екипите кои грчевито се борат за опстанок победија во Лестер. Филип Билинг го постигна единствениот гол.

Scroll to Top