Top Sport

ВАР-технологијата доаѓа во Хрватска, моделот може да го искористи и Македонија

ВАР-технологијата ќе биде воведена во хрватскиот фудбал од наредната сезона. Официјално оваа одлука треба да биде потврдена на 17.јануари кога од Фудбалскиот сојуз на хрватска ќе одржат состанок со делегациите на ФИФА и ИФАБА (тело задолжено за одредување на фудбалските правила).

Фудбалскиот сојуз на Хрватска за воведувањето на оваа технологија ќе потроши помеѓу еден и 1,5 милиони долари. Инаку, 80 отсто од овие пари Хрватите ќе ги обезбедат преку програмата „ФИФА форвард“, додека останатите 20 отсто ќе ги обезбеди Фудбалскиот сојуз на Хрватска.

Клубовите нема да бидат изложени на никакви трошоци околу воведувањето на ВАР-технологијата. Обварска на клубовите ќе биде само да обезбедат просторија за оваа намена и да се грижат за безбедноста на судиите кои ќе бидат во ВАР-собата.

Секој стадион ќе мора да има посебна лиценца од ВАР и ФИФА и сите клубови ќе мора да го поддржат воведувањето на ВАР-технологијата.

Специјална обука ќе треба да поминат и судиите, особено оние кои случувањата на теренот ќе ги следат од ВАР-собата.

ВАР-технологијата ќе се применува во сите натпревари, а ќе биде тестирана во текот на оваа сезона, веројатно во финалниот натпревар, во Купот на Хрватска.

Примерот на Хрватите можеби ќе ги поттикне и челниците во Фудбалската федерација на Македонија да покренат иницијатива за воведување на ВАР-технологијата, бидејќи на тој начин на уште повисоко ниво ќе биде подигната регуларноста на натпреварите во Првата лига.

Scroll to Top