Рафаел Варан се подготвува да го напушти Реал Мадрид. Преговорите околу новиот договор завршиле неуспешно. Реал ќе мора да го продаде бидејќи договорот на Варан истекува наредното лето.
Варан, кој се наоѓа со Франција на ЕП, пред новинарите одговарал на прашањата поврзани со неговата иднина.
„Мислам дека сега не е вистински момент да зборувам на таа тема. Фокусиран сум на ЕУРО. Луѓе сме, можеме да разговараме на таа таме, но ако ме прашувате, тоа не е тема за која секојдневно разговарам во соблекувалната. Доколку треба со некого да разговарам, тоа се луѓето кои се задолжени за тоа“, рекол Варан.
Според медиумите, Челси биле подготвни да платата 60 милиони евра за услугите на Варан.
Рафаел Варан последните десет години е играч на Реал, за „кралскиот клуб“ одиграл 360 натпревари, постигнал 17 голови.