Францускиот стопер Рафаел Варан извесно време нема да игра за Комо поради здравствени проблеми.
Поранешниот дефанзивец на Ленс, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед играше 23 минути за италијанскиот клуб на натпреварот од Купот против Салернитана кога го повреди флексорниот мускул на бутот.
Во италијанскиот шампионат не одигра ниту една минута, клубот не го стави на списокот за Серија А, па тренерот Сеск Фабрегас дефинитивно нема да смета на 31-годишниот фудбалер во првиот дел од сезоната.
Варан има двегодишен договор со Комо со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.
Комо гостува во Удине во недела од 20:45 часот во натпреварот од третото коло на Серија А.