Top Sport

Варан: Не го контролираме ние ВАР

Фудбалерот на Реал Мадрид Рафаел Варан истакнал дека приказните за „судиска помош“ воопшто не влијаат врз него и неговите соиграчи. „Фокусирани сме на освојување на титулата“, рекол Варан.

„Кралскиот клуб“ во петокот забележа победа над Алавес (2:0). Двата гола според шпанската јавност се спорни, во 11 минута Бензема постигна гол од пенал, а во 50 минута конечниот резултат го постави Марко Асенсио.

„Таквите приказни кај нас немаат влијание.Фокусирани сме на она што се случува на теренот и на победите“, рекол францускиот репрезентативец.

„Не го контролираме ние ВАР, ние ја контролираме само нашата игра“.

Реал на три кола до крајот на првенството имаат четири бода повеќе од Барселона.

„Знаеме која е нашата цел, но истанаа уште три финалиња. Важно е што победивме во овој натпревар, а исто така е важно што повторно не примивме гол. Тоа ни дава дополнителна самодоверба“, заклучил Варан.

Scroll to Top