Top Sport

Варан нема да игра до мундијалската пауза

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан нема да игра за клубот до мундијалската пауза, поради повреда на тетивата.

Веста ја потврди менаџерот на англискиот тим, Холанѓанецот Ерик тен Хаг.

„Тој сигурно е надвор од теренот до Светското првенство и нема да игра во овој блок натпревари за Јунајтед“, рече Тен Хаг.

Францускиот дефанзивец се повреди на саботниот премиерлигашки натпревар против Челзи (1:1), поради што го напушти теренот во 60. минута.

Тен Хаг додаде дека 29. годишниот играч би можел да игра за Франција на Светското првенство во Катар.

„Мислам дека ќе може, но треба да почекаме со прогнозите. Треба да видиме како ќе се развива неговата рехабилитација“, изјави менаџерот на Јунајтед.

Светското првенство во Катар започнува на 20. ноември, а завршува на 18. декември.

Scroll to Top