Рафаел Варан имаше емотивно збогување со Реал Мадрид пред комплетирањето на трансферот од 41 милиони фунти во Манчестер јунајтед.
Францускиот репрезентативец помина 10 години на „Сантијаго Бернабеу“, но сега заедно со партнерот во одбраната Серхио Рамос (кој замина во Пари Сен-Жермен) е подготвен за „ново поглавје“.
„По 10 неверојатни и прекрасни години во Реал Мадрид, клуб кој секогаш ќе го носам во срцето, дојде време за збогување. Од моето пристигнување во 2011 ги надминавме сите очекувања и остваривме работи за кои можев само да сонувам. Би сакал да се заблагодарам на сите тренери и луѓе со кои работев, и до сите Мадридисти кои секогаш ми покажуваа многу љубов. Сакам да се заблагодарам на сите Шпанци, посебно на градот Мадрид, каде што се родија моите две деца. Оваа земја секогаш ќе биде посебна за мене“, напиша Варан.
Рамос, кој помина 16 години во Реал, и уште се мачи со повредата пред стартот на времето со ПСЖ, му посака најдобро на својот пријател.
„Драг Рафа, можам само да се заблагодарам на овие години пријателство, партнерство и триумфи и да ти посакам многу среќа во новиот клуб“, напиша Рамос.
View this post on Instagram