Искусниот дефанзивец Рафаел Варан го засили новиот член во Серија А, фудбалскиот клуб Комо.
Поранешниот играч на Манчестер јунајтед потпиша двегодишен договор со италијанскиот клуб.
Комо беше втор во Серија Б минатата сезона, од оваа сезона од клупата ќе го предводи Сеск Фабрегас.
Варан претходните три сезони играше за Манчестер унајтед, постигна два гола на 68 натпревари.
Најуспешниот дел од кариерата го мина во Реал Мадрид, со кој четири пати беше шампион на Европа.
За француската репрезентација одигра 93 натпревари и во 2018 година стана светски првак.