Top Sport

Варан сака да го напушти Реал Мадрид

Рафаел Варан еден од столбовите на одбраната на Реал Мадрид побарал трансфер. Договорот на францускиот репрезентативец со „кралскиот клуб“ истекува за 18 месеци.

Шпанците тврдат дека Варан не бил задоволен од се она што се случува во клубот и дека бил подготвен за нова авантура.

Летниот преоден рок е последна шанса кога Реал ќе може да заработи добра сума од трансферот на Варан.

Рафаел Варан е играч на Реал од 2011 година. Со клубот ги освоил сите можни трофеи.

Scroll to Top