Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан сака да го продолжи договорот на уште една сезона.
Варан, поради повредите го загуби местото во тимот, сезонава беше стартер на само осум натпревари. Во неделата одигра добар меч против Ливерпул (0:0).
И покрај тоа што одигра само 14 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, Варан сака да го продолжи договорот со Јунајтед тврди „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Францускиот фудбалер се пресели од Реал Мадрид на „Олд Трафорд“ во 2021 година, тогаш се веруваше дека тој потпишал четиригодишен договор, но всушност станува збор за тригодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една година.
Тој се надева дека клубот ќе ја прифати опцијата и дека ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2025 година.
Во последните недели британските медиуми шпекулираа дека Јунајтед нема да ја искористи опцијата да ја активира последната гоидна од договорот.
Инаку, шпанските медиуми, во понеделникот објавија дека Реал Мадрид е заинтересиран за да го врати Варан. Реал има големи проблеми со повредите на дефанзивците, Едер Милитао и Давид Алаба веќе ја завршија оваа сезона.