Фудбалерите на Реал Мадрид, со пресврт, забележаа победа во Уеска 2:1. Победата на Реал против „фенерџијата“, му ја обезбеди Рафаел Варан. Играчот од одбраната, прв пат во кариерата постигна два гола на еден натпревар.
Реал против тимот кој се бори за опстанок, доминираше во првиот дел, меѓутоа само Бензема имаше вистинска шанса за гол.
На стратот од вториот дел, студен туш за фаворитот, во 48.минута Галан успеа да го совлада Куртоа.
Седум минути подоцна, Варан со многу среќа, успеа да го израмни резултатот.
Во 60.минута, Куртоа успеа да спречи ново водство на Уеска, го одбрани удаорт на Рафа Мир.
Потоа се редеа шансите пред голот на Уеска, меѓутоа промени во резултатот немаше се до 84.минута, кога Варан со својот втор гол го постави конечниот резултат.