Top Sport

Вардар е како пиреј (Фотогалерија)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар оваа сезона се бори со огромни финансиски проблеми, но кога ќе дојде натпревар тогаш фудбалерите на теренот, а и навивачката група „Комити“ од трибините, секогаш ќе пронајдат дополнителна енергија за да останат посветени на целта и да го вратат клубот таму каде што заслужува во елитата.

„Црвено-црните“ денеска славеа триумф против Детонит Плачковица со 2:0, и цврсто чекорат на врвот. Ќе имаат жестока конкуренција и во Гостивар, кој со 1:0 ја победи Беса, и Воска Спорт, која со 4:0 славеше против Каменица Саса. Тука е секогаш и Пелистер како голем ривал, а денеска во второлигашката конкуренција победи со 3:1 против Арсими.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top