Top Sport

Хет-трик на Иван Тричковски на Кипар

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични игри во дресот на АЕК Ларнака во првенството на Кипар. Тој беше стрелец на хет-трик во триумфот од 3:1 над Енозис.

Тричковски го отвори резултатот во осмата минута, а само пет минути подоцна зголеми на 2:0.

Во вториот дел, популарниот Тричко постигна и трет гол, реализирајќи пенал во 82.минута, за заверка на победата на својот тим.

Scroll to Top