Top Sport

Вардар ги почнува подготовките на арената „Тодор Проески“

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денес ги стартува подготовките за новата сезона. Првиот собир „црвено-црните“ ќе го имаат на арената „Тодор Проески“.

„Ве известуваме и ве каниме денес во 18:00 часот на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез). По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд.

Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, клубот на народот ве очекува“, стои во објавата на клубот.

Вардар успеа да се врати во елитата откако го победи бараж натпреварот против Скопје, а во изминатиот период и се трансформираше, па навивачката група „Комити“ ги презеде акциите на клубот од досегашниот сопственик Слободан Крстевски.

 

Scroll to Top