Повратникот во Првата македонска фудбалска лига Вардар успеа да го регистрира Бразилецот Педрињо (22). Од најтрофејниот макеоднски клуб потврдија дека пистигнал сертификатот за негова регистрација.
Крилниот напаѓач во Вардар дојде од бугарскиот тим Минор Перник е промовиран во „црвено-црните“ редови.
Тој е шесто засилување за Вардар ова лето.
Во наредните денови се очекува да бидат регистрирани и останатите фудбалери на кои тренерот Бобан Грнчаров не можеше да смета во првото коло.