Актуелниот македонски фудбалски шампион, Вардар со 3:1 денеска ја совлада струмичка Беласица во рамки на 7 коло од ПМФЛ.
Во Битола пак, тетовска Шкендија го совлада тимот на Пелистер со истиот резултат.
Ренова на свој терен изненадена од Македонија Ѓорче Петров, пораз од 1-3, додека во Струга, истоимената екипа ги собра трите бода на дуелот со Шкупи – 2-0.
Екипата на Академија Пандев која имаше слаб старт во сезоната успеа да ги освои трите бода на својот стадион против Силекс. Мечот заврши 1-0.
Најнепопуларниот резултат беше забележан вчера на мечот меѓу Борец и Работнички 0-0.
Резултати од 7. Коло во ПМФЛ:
Пелистер – Шкендија 1:3
Вардар – Беласица 3:1
Ренова – Македонија ЃП 1:3
Струга ТЛ – Шкупи 2:0
Академија П. – Силекс 1:0
Борец – Работнички 0:0
Лидер на табелата е тимот на Шкендија со 17, пред Шкупи со 13 бода. Трета на табелата е екипата на Македонија ЃП со ист број бодови, а четврти е Борец со бод помалку…
„Фенерџија“ е Беласица без освоен бод.
Фото: Vardarfans