Top Sport

Вардар, конечно, победи во Кратово, Шкендија во финишот преку Победа

Вардар по низата од два порази и едно реми, се врати на победите откако во Кратово со гол од пенал го совлада фенерџијата Силекс, додека Шкендија ја прекина лошата низа против прилепска победа со победа од 2:0 за да ја заддржи предноста од 6 поени на врвот на Првата лига по 16 кола.

Вардарци по лошата низа резултати дозволија Шкендија да им избега на врвот на табелата, така што сигурно ќе се задоволни од тешко извојуваната победа против Силекс, обезбедена со гол од пенал во 10. минута преку Дарко Мицевски.

Актуелниот шампион, Шкендија, пак, не застанува иако гостувањето кај Победа секогаш им создавало проблеми. Ова е седми натпревар во низа без пораз за тетовци,овојпат обезбеден со два гола во последните 15 минути – стрелци беа Бејтулаи во 74. минута и Емини во 87. минута.

Академија Пандев не успеа да го задржи темпото со лидерите, откако одигра 1:1 на гости кај Ренова, додека Работнички го „тресна“ тимот на Македонија ЃП со убедлива 5:1 победа. Шкупи во последните секунди од мечот дојде до важна 1:0 победа над Беласица за да се искачи на шестото место на табелата.

ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО

Победа – Шкендија 0:2

Работнички – Македонија Ѓорче Петров 5:1

Ренова – Академија Пандев 1:1

Шкупи – Беласица 1:0

Силекс – Вардар 0:1

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 37, 2.Вардар 31, 3.Академија Пандев 26, 4.Работнички 23, 5.Ренова 20, 6.Шкупи 19, 7.Македонија ЃП 17, 8.Победа 17, 9.Беласица 17, 10.Силекс 14.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top