Top Sport

Вардар оди на Пелистер во четврт-финалето на Купот

Во „Куќа на фудбалот“, денеска беа извлечени 1/4 финалните парови во Купот на Македонија. Вечните ривали, Пелистер и Вардар ќе се соочат во меѓусебна пресметка за место меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето.

Актуелниот победник во Купот на Македонија, тимот на Силекс во Кратово ќе ја пречека Брегалница. Шкендија ќе се соочи против Струга Трим Љум, додека во Ѓорче Петров Македонија ќе го предизвика Шкупи.

Натпреварите ќе се одиграат на 24. ноември со почеток од 13:00 часот.

Извор/ ffm.mk

Scroll to Top