Фудбалерите на Вардар рано утрово отпатуваа за Санкт Петербург каде што утре го игра натпреварот од претпоследното коло групната фаза во Лигата на Европа против Зенит.
Експедицијата на „црвено-црните“ предводена од раководството, стручниот штаб и фудбалерите попладне ќе пристигне во рускиот северен град.
Денеска екипата ќе го има официјалниот тренинг на стариот стадион на Зенит, а претходно Вардарци ќе одржат прес конференција на која што ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и еден фудбалер кои ќе ги искажат своите очекувања од утрешниот натпревар.
За Русија отпатуваа следните фудбалери: Филип Гачевски, Игор Алексовски, Бојан Тимевски, Ховханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Дарко Велковски, Бобан Грнчаров, Висар Муслиу, Бесир Демири, Дарко Глишиќ, Никола Глигоров, Бобан Николов, Вања Марковиќ, Хуан Фелипе, Филип Стојчевски, Бесар Исени, Џамбул Џигаури, Петар Петковски, Дејан Блажевски, Тигран Барсегјан, Итало.