„Комити“ можат да здивнат. Прославата на 30-годишнината од основањето на навивачката група ќе се прослави достојно, на „Филип Втори“ на дуелот меѓу вечните ривали Вардар и Пелистер, и најважно од сè од 18 часот.
„Комити“ во сабота ќе го прослават не само својот 30-ти роденден, туку и 70-тиот роденден на ФК Вардар, кој клубот официјално најави дека ќе го празнува следната година бидејќи поради европскиот Суперкуп не успеаја да ја реализираат програмата за славје.
Од Вардар информираат дека за публика ќе биде отворена само јужната трибина на стадионот, а на запад ќе бидат сместени навивачите „Комити“, а ќе се влегува од стадионот само од влезот југозапад (помеѓу јужната и западната трибина).
Фото: ФК Вардар