Top Sport

Вардар планира да собере 500.000 евра од сезонски билети

Новото раководство на Вардар, денеска на прес-конференција информираше за новата акција покрената за спас на клубот. Вардар успеа да се врати во Првата лига, но финасиската ситуација во клубот е исклучително тешка.

„Нарадот секако има право да знае што се случува во клубот затоа што ‘Вардар е клуб на народот’. Нашата битка за спас на Вардар трае три години, пред нешто повеќе од две години продадовме 33.381 билети и тоа беше најголемата акција со која сакавме да дадеме време Вардар да преживее. Од ноември 2018 година сметката на клубот е блокирана, па сега повторно сме во акција за вистински спас на клубот. Вкупно 12 општини и градот Скопје застанаа како поддршка. Секако потребна ни е поддршка и од народот“, изјави Милорад Миленковски кој е претставник на навивачката група „Комити“ во клупското раководство.

Акцијата која беше презентирана, а која симболично започна вчера во 19.47 часот, има за цел продажбата на сезонски билети поцена од 1.000 денари. Планот и желбата е да бидат породадени 30.000 билети. Организаторите на оваа акција сметаат дека со тоа Вардар би имал финасиска сигурност оваа сезона.

„Сакаме да покажеме дека се е можно, сакаме да видиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар. Веруваме дека може да се продадат билетите, а Вардар да заработи над 500.000 евра. Вкупно долг на Вардар е 2,8 милиони евра, од кои 2,4 милиони евра се направени од Сергеј Самсоненко и плус 400.000 евра од Слободан Крстевски“ – дополни Миленковски.

Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje

Scroll to Top