Вардар е последниот четврт-финалист во фудбалскиот Куп на Македонија. „Црвено-црните“ во осмина-финалниот реванш, како гости го победија Шкупи со 2:0 (0:0). Првиот натпревар помеѓу двата тима заврши 1:1, па Вардар со вкупни 3:1 се пласира меѓу најдобрите осум во домашниот Куп.
Натпреварот Шкупи-Вардар се одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Мрежите мируваа по првото полувреме, а „црвено-црните“ прашањето околу пласманот во наредната рунда го решија во вториот дел.
Стрелци на головите за Вардар беа Николов во 64. и Максимов во 82.минута.
Вардар со пласманот меѓу мајдобрите осум во Купот избори четврт-финална пресметка со Шкендија.
фото/fkvardar.mk