Top Sport

Вардар се распаѓа – фудбалерите го напуштаат клубот

Фудбалерите на Вардар најавија дека ќе го напуштат клубот. Вечра беше објавено дека поради финансиската криза во која клубот се наоѓа речиси две години играчите добиле „оврзани раце“ да си бараат нови клубови.

Долгот на Вардар изнесува околу 3 милиони евра. Сергеј Самсоненко го напушти клубот, а луѓето кои останаа не можат да ги подмират долговите. Поради ваквата ситуација тимот не доби лиценца да настапува во квалификациите за Лихата на шампионите.

Соопштението на фудбалерите на Вардар ви го пренесуваме во целост:

„Почитувана Македонска и спортска јавност , ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар.

За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение,чекање,непочитувањето спрема фудбалерите,тренерите,целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај.Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот , а накрај не разочара сите и не остави на цедило.

Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното.

Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен , се боревме со срце за боите на светиот дрес , имавме прекрасна атмосфера , имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.

Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар , но со тие лаги неможеме повеќе да издржиме.

Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина . Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим ,

Вардар е најголем бренд во Македонија,нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес , затоа тој клуб несмее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија. ЕДЕН ЖИВОТ , ЕДНА ЉУБОВ“.

foto/fkvardar.com

Scroll to Top