Top Sport

Вардар и Шкендија добија најмногу од УЕФА

Вардар доби 1 милион евра, додека Шкендија е побогата за 920.000 евра откако УЕФА ги објави и „солидарните“ исплати од минатата сезона во Лигата на шампионите.

Покрај Вардар и Шкендија, Работнички добива 440.000 евра, додека Пелистер ќе инкасира 215.000 евра.

Со „солидарните исплати“ на УЕФА, европската куќа на фудбалот сака парите да се распределат не само на 32 најдобри тимови од Лигата на шампионите. Тука се распределија вкуно 124.37 милиони евра од ЛШ и Лигата на Европа, во споредба со 120.83 милиони евра минатата сезона.

Ограничување е тоа што клубовите ќе мораат да ги користат парите на младински развој и развој на локалните фудбалски заедници.

Вардар оваа сезона играше во квалификациите за Лигата на шампиони, каде што беше елиминиран од Копенхаген, пред да го победи Фенербахче за пласман во групната фаза на Лигата на Европа. Шкендија беше елиминирана во баражот за пласман за ЛЕ од Милан, Работнички мина едно коло во квалификациите за ЛЕ, додека Пелистер беше елиминиран во првото квалификациско коло.

Scroll to Top