Top Sport

Вардар и Шкупи патникот во четврт-финале ќе го бараат на вториот меч

Вардар и Шкупи одиграа 1:1 во заостанатиот осминафинален дуел од Купот на Македонија, откако шампионот не успеа да ја „пробие“ одбраната на Шкупи на домашен терен и сега го чека незгодно гостување во Чаир.

Шкупи поведе во првото полувреме преку Јашароски во осмата минута, по што Тигран Барсегјан ги спаси вардарци од незгоден пораз со интересен лоб-удар во 59. минута.

За двата тима сега следува реваншот во Купот, а подобриот ќе игра со Шкендија за место во полуфиналето. Вардар и Шкупи повторно се среќаваат овој викенд во меч од ПМФЛ.

Ренова, Академија Пандев и Пелистер во полуфиналето

 

Scroll to Top