На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, екипата на Вардар синоќа ја започна европската авантура во Конференциската лига со стил, совладувајќи го тимот на Ла Фиорита од Сан Марино со 3:0.
Стрелци на головите беа Азер Омерагиќ во 47 минута кој го отвори рзеултатот со прецизен удар по нафрлена топка од десната страна, следуваше голот на Георгие Јанкулов со центарашут во 66 минута, а две минути подоцна, во 68 минута Роџес Мато со шут по земја со постави конечниот резултат.
Првото полувреме заврши без голови, иако Вардар имаше неколку добри обиди преку Матиќ, Маневски и Тодоровски.
Вториот дел беше целосна доминација – три брзи гола за само 21 минута.
Голманот Заволи од Ла Фиорита спречи уште поголема разлика со неколку одлични интервенции.
Со оваа победа, Вардар има солидна залиха пред реваншот кој ќе се одигра на 17 јули во Серавале, Сан Марино. Победата не само што го поставува тимот на чекор до втората рунда, туку е и прва европска победа за клубот по пауза од речиси осум години.