Top Sport

Вардар спогодбено се раздели со тренерот Захариевски

Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje

Срѓан Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. Клубот и тренерот спогодбено се разделија по синоќешниот пораз од Пелистер во Битола (1:0).

Вардар е последен на табелата во Првата македонска фудбалска лига. По 13 рунди во шампионатот, Вардар има само осум бода и гол разлика 9:23. Црвено-црните од почетокот на сезоната имаат по две победи и нерешени и девет порази. Захариевски го водеше тимот на девет меча, има победа, две нерешени и шест порази

Захариевски е третиот тренер кој си замина од стартот на сезоната. Пред него на клупата на Вардар седеаа Горазд Михаилов и Горан Петрески.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');