Top Sport

Вардарци ги почнаа подготовките за рестартот (галерија)

По одлуката на ФФМ да се продолжи македонската Прва лига, лидерот Вардар почна со подготовките за одбрана на водството кое го имаат на врвот на табелата и покрај многуте шпекулации за иднината на клубот.

Со почитување на мерките за претпазливост, Вардар тренира во населбата Хиподром, предводени од тренерот Александар Васовски, кој доби засилување на помошничките места од поранешните фудбалери Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески, кои досега работеа во младинската школа на нашиот тим.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top